По 5 години, заврши судскиот процес меѓу Роби Вилијамс и Џими Пејџ

од Vlatko K
217 прегледи

Веќе пет години, ѕвездите Роби Вилијамс и Џими Пејџ, кои се соседи на Melbury road, во Кенсингтон,
Западен Лондон, водат лута судска битка. Апсолутна класика по сите правила на лошите соседски
односи, војната им е за тоа може ли Роби да го оретвори својот подрум во голем подземен базен
или не може.


Стравувањата на Џими Пејџ се дека процесот на изградба на подземниот базен може да нанесе
штета на неговото имот со кула, чиј ентериер е во голема мера од стакло и многу керамика. Исто
така, постои опасност од напукнување на малтерот и оштетување на фасадата.

Токму поради Џими Пејџ, веќе пет години Роби не успеа да ги оствари своите планови за
претворање на подрумот во прекрасен базен. Епа, веќе може.

По внимателно разгледување на случајот, градските власти му дозволиле на Роби Вилијамс да ја
започне изградбата. Но, Џими Пејџ се уште може да го спречи – во случај навистина за време на
градежните потфати да се појави оштетување на гипсот, стаклениот ентериер, фасадата …
Зар тоа не е само почетокот на една вистинска војна…