По 70 години, Здравствениот дом во Битола доби нов изглед

од Vladimir Zorba
239 прегледи

За првпат после 70 години Здравствениот дом во Битола, д-р Хаим Абраванел доби нов изглед, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче.

Во проектот комплетно се обновени внатрешните простории, ходниците, работните простории, педијатриската служба, вакциналните пунктови, превентивната служба, превентивната стоматологија и делот кадешто се чуваат вакцините од редовниот календар.

Дополнително, Здравствениот дом ќе добие ново амбулантно возило и целосна замена на кров.

„Честитки до директорката д-р Весна Спиркоска и целокупниот медицински персонал кој изминатиов период успешно се справуваше со менаџирање на ковид кризата во овој регион и успешно го спроведува процесот на имунизација“, додаде тој.

Слични содржини