По битката за старателство, Бред Пит и Анџелина Џоли повторно на суд

од Stefanija Kuzmanovska

Нивната љубов некогаш беше симбол на хармоничен пар, а Анџелина и Бред сега се „влечат“ по судови. Прво причината беше старателството над децата, а сега, верувале или не – заради вино.

Анџелина Џоли одлучи да ги прекине сите врски што ја врзуваат за нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит, па сега го продава својот удел од винаријата која заеднички го поседуваат.

Познатата 46-годишна актерка веќе побара од судот дозвола да го стави својот дел на продажба и поднесе барање во Лос Анџелес да се отстрани привремената забрана за пристап до нивниот имот, што следеше автоматски кога поднесе барање за развод во 2016 година.

Анџелина и Бред официјално се разведоа во 2019 година, иако одлуката за старателство над нивните шест деца сè уште не е финализирана.

Слични содржини