Карло Анчелоти синоќа го доживеа еден од најтешките порази во својата тренерска кариера, со што ја продолжи просечната сезона на „Кралевите“.
Поразот од 3:0 може да биде последната капка, а во јавноста веќе подолго време се зборува за заминувањето на легендарниот италијански стручњак од „Сантијаго Бернабеу“.
Така веднаш по поразот стигна вест дека Карло Анчелоти во јуни би можел да ја преземе бразилската репрезентација. Бразилскиот весник „О’Глобо“ објави дека Бразилската фудбалска конфедерација верува дека ќе успеат во намерата, а со синоќешниот пораз се поверојатно е преминувањето во редовите на петкратните светски шампиони.
Анчелоти ја презеде целосната одговорност по поразот.
„Ова беше тежок пораз. Не го очекувавме ова. Бевме организирани во првото полувреме, но по два гола од слободни удари екипата психички падна“, изјави тренерот на Реал.
Тој се осврна и на можноста Реал уште еднаш да направи сензација.
„Шансите се многу мали, но треба да се обидеме. Тоа е шанса да се реагира на лоша игра. Ќе видиме дали ќе успееме“.
Доколку Реал останеше без трофеј на крајот од сезоната, доаѓањето на Италијанецот на клупата на Бразилците секако би станало уште поголема можност.