По два часа распит во СЈО, Мијалков замина без да даде изјава

од desk2
86 прегледи

Два часа траеше распитот на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, во Специјалното јавно обвинителство, но и понатаму е непознато за кои случаи тој беше повикан денеска да даде исказ.

По излегувањето од просториите на СЈО, Мијалков не сакаше да даде изјава за медиумите, а за тоа за што е повикан упати на одговор во Обвинителството.

Оттаму, пак, и покрај нашите прашања не откриваат за кои случаи поранешниот директор на УБК беше повикан на распит.

Мијалков во СЈО се појави заедно со неговиот нов адвокат и поранешен државен јавен обвинител, Љупчо Шврговски.

Поранешниот директор на УБК е осомничен во неколку предмети на СЈО, меѓу кои се „Таргет“, „Тврдина“, „Тортура“./Meта