По ексхумацијата познатите мустаќи на Салвадор Дали останале непроменети

од Vladimir Zorba
107 прегледи

Посмртните останки на шпанскиот уметник надреалист Салвадор Дали, ексхумирани по наредба на мадридски суд, се многу добро сочувани благодарение на балсамирањето, а прочуените мустаќи на уметникот го зачувале целосно својот облик во позиција “10 часот и 10 минути”, изјави генералниот директор на фондот “Гала-Салвадор Дали” Луис Пенюелас. Минатата ноќ во театарот-музеј на Салвадор Дали во каталонскиот град Фигерас беше извршена ексхумација на телото на починатиот пред 28 години Дали. На крајот на јуни судот го одобри барањето на родената во 1959 видовита Пилар Авел Мартинез, која тврди дека е ќерка на уметникот.

Судот одлучи дека единствениот начин да се утврди присуство на татковство е ДНК-анализа. За да биде извршена ексхумација беше отстранета плоча со тежина тон и половина на подот во музејот под кој е погребан Дали.

Анализата на преземените од телото примероци ќе биде направена во мадридскиот Институт за токсикологија. На ексхумацијата присуствуваа неколку судски медицинари, директорот на музејот, градоначалникот на Фигерас, претставници на културниот оддел во општината, адвокатот на фондот и полицајци.

Постапката завршува во 0.40 часот по полноќ. Пенјоелас рече дека се земени примероци од две големи коски, од косата и ноктите. По анализата тие ќе бидат вратени во ковчегот. Телото на Дали е балсамирано, односно мумифицирано. Затоа и познатите мустаќи ја задржале својата форма. Тоа беше многу емотивен момент “, рече Пенјоелас на прес-конференција.

Резултатите од ДНК-анализата ќе бидат познати во почетокот на септември.