Специјалниот претставник на Обединетите нации и посредник за разликите за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц ќе ја посети Македонија на 2 и на 3 јули.
Тој ќе се сретнел со државниот врв на Македонија, а засега нема повеќе информации за престојната посета. Нимиц ќе ја посети само Македонија, а не и Атина. Предвидени се средби со државниот врв. Нимиц пред неколку недели, во интервју за грчки весник, изјави дека решавањето на прашањето за името треба да биде високо на агендата на новата Влада.
128