
Откако Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на Меркел постигна слаби резултати на изборите во септември минатата година, партијата в недела започнува со преговори со Социјалдемократската партија (СПД), со цел по втор пат да се обидат да направат коалиција.
Меркел смета, дека повторната коалиција, составена од СПД, ЦДУ, и нејзината сестринска Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), што беше на власт од 2013 до 2017 година, е најдобра опција со цел да обезбеди стабилност во нејзиниот четврт мандат.
Сепак, постојат разидувања во ставовите на трите партиите. СПД сака целосни реформи во здравственото осигурување со цел да се обезбеди дуален систем, а конзервативците на Меркел се против таа идеја и се поскептични од СПД по прашањето за плановите за подлабоки европски интеграции.
Најпроблематично прашање ќе биде мигрантската политика, додека Германија се обидува да интегрира повеќе од 1,6 милиони азиланти кои стигнале во земјата од почетокот на 2015 година.
ЦСУ, бара намалување на бенифициите за азилантите и ограничување на бројот на членови на семејствата кои се придружуваат на бегалците во Германија, што е во целосна спротивност со ставот на СПД.
Раководството на СПД е загрижено поради можните внатрешни поделби, одлучно ги изнесуваат тешките барања и истакнуваат дека резултатот на преговорите е отворен.