По млечното, темното и белото – пристигнува и црвеното чоколадо: Потполно ново доживување кое не е ниту горчливо нити млечно ниту слатко

од desk3
90 прегледи
Од фабриката најавуваат дека Ruby ќе биде апсолутен хит меѓу чокохоличарите. Ако им е заверување, тоа ќе биде “интензивно сензорно уживање”. Овој сладок третман нуди потполно ново дожувување на вкус кој не е ниту горчлив ниту млечен ниту сладок. Тоа се вкусови како што кажуваат сосема природни без додаток на зрнесто овошје и екстракт.  “Рубинската чоколата е сосема поразлична и паметна работа. Освежува и има лесна кремаста текстура”, рече чоколадниот стручњак Ангус Кенди за The Sun. “Се чувствува лесно и овошно дури не сфаќате дека јадете чоколада, што значи дека ќе можете да јадете повеќе видови на конвенционални чоколади”.

Иако останува да се види дали  е тоа само маркетиншки трик или новиот вид на чоколадо ќе биде широко распространето како и останатите, фактот дека ја направи најголемиот производител на чоколадо и производи од какао – ветува.