По најавата дека Лионел Меси заминува од Барселона, нема клуб што не би сакал да го има овој фудбалер во својата екипа. Меѓу оние кои посакуваат Меси е и македонскиот второлигаш Осогово, барем така твитнаа од клубот.
На официјалниот твитер профил,барем преку шега Клубот се кандидира за потписот на Меси. Можат да го изнајмат на еден месец, а за тоа подготвува компензација во бел кочански ориз за Барселона.
„Компензацијата е спремна! Се товараат и последните 36 шлепери од вкупно 200 со биен ориз кои во текот на денот треба да тргнат за #Барселона! договорот е за 1 месец.
П.С. Подобро еден месец да Рика Лавот, одколку цел живот мјаууу!“, стои во твитот на Осогово.
Компензацијата е спремна!
Се товараат и последните 36 шлепери од вкупно 200 со биен ориз кои во текот на денот треба да тргнат за #Барселона!
договорот е за 1 месец.
П.С. Подобро еден месец да Рика Лавот, одколку цел живот мјаууу! #AvantiOsogovo💛💙 pic.twitter.com/hyr9upFSWI— GFK Osogovo (at 🏡) (@gfkosogovo) August 26, 2020