449
Тројца доктори и една медицинска сестра од Инфективната клиника се позитивни на Ковид-19. Mеѓу нив е и директорката на истоимената установа, Милена Стевановиќ.
Kако што пренесоа медиумите, сите се со полесни симптоми и се на домашно лекување.
Ова се случува после десетина дена откако на Клиниката за нефрологија беа заразени повеќе од 20 вработени истовремено.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 92.753, бројката на оздравени пациенти е 82.121, на починати е 2.866, а бројот на активни случаи изнесува 7.766.