По Нова Година ќе се донесе законско решение за недела неработен ден

од Берта Китинска
360 прегледи

По Нова година законското решение за недела да биде неработен ден ќе влезе во собраниска процедура и ќе биде донесено, денеска најави министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

-Завршени се консултациите за ова прашање за кое се дискутираше месец и половина, постојат дилеми за одредени области и затоа треба да се направи темелна анализа и да се соочат аргументите „за“ и „против“.МТСП ја изработи нацрт-верзијата, им ја предочивме на сите членови, односно партнерите во социјалниот дијалог, сè уште во општеството има интерес за ова законско решение – за и против, меѓутоа ние не се откажуваме. Верувам дека по Нова година законското решение ќе ќе влезе во собраниска процедура и ќе биде изгласано во интерес на оние заради кои го носиме. Дилемите се околу тоа кој треба да биде опфатен со недела неработен ден, односно кои дејности во државата треба да функционираат – здравството, полицијата, социјалната служба, центрите за детска заштита, старските домови, противпожарните служби, комуналните служби “,рече Шахпаска.

Слични содржини