444
Актерот и политичар Бранислав Лечиќ денес на социјалната мрежа Фејсбук објави дека, поради обвинувања за силување од страна на актерката Даниела Штајнфелд, се повлекува од чело на движењето на Демократите на Србија.
Во изјавата, Лечиќ истакна дека тоа е негова лична борба за одбрана на неговиот интегритет, име и професионална репутација.
– Ова е моја лична борба за одбрана на мојот интегритет, име и професионална репутација и не сакам да ги оптоварувам сите оние кои се искрени борци за нормална, слободна и демократска Србија.