По откриените дивоградби во Чаир и урбаниот хаос кој го откри Арсовска, ОЈО веднаш почна да постапува

од desk4
76 прегледи

Основното јавно обвинителство Скопје ја презема истрагата за сомненијата за дивоградби во Општина Чаир. Утринава до обвинителството стигна пријава од Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје, по која веќе се постапува. Обвинителството потсетува дека сите службени лица кои имаат сознанија или докази за кривично дело, мора да ги пријават на надлежните органи.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, минатата недела посети неколку локации во Чаир каде се изведуваат градежни активности кои, според неа, се дивоградби. Таа повика институциите да реагираат и порача дека Градот нема да дозволи урбанистички криминал да се шири со молк од надлежните.