Црвен осип на раката, на местото каде што е ставена вакцината или таканаречената „ковид рака“ е се почеста реакција на вакцината на „Модерна“.
Списанието за медицина „ The New England Journal of Medicine“ објави бројни фотографии за тоа како изгледаат различни случаи на осип. Сепак, лекарите потенцираа дека стравот од осип не дава причина за некое лице да не се вакцинира.
Д-р Ширли Чи, дерматолог, забележа осип кај нејзините пациенти.
– Сите реакции беа од Модерна вакцината, а експертите не се сигурни зошто оваа вакцина предизвикува таква реакција – рече Чи.
Таа тврди дека реакцијата е нормална и дека нема причина некој да се откаже од вакцинацијата од страв од осип.
Д-р Чи истакна дека ако некој забележи сличен осип на рацете, само треба да контактира со својот лекар што е можно поскоро.Во некои случаи, осипот се појавува само осум до 10 дена по приемот на дозата.
– Неколкумина мои пациенти имаа ваков тип на одложено реагирање. На едниот од нив се појави оток и осип на местото на убодот само десет дена по вакцинацијата – рече Чи.Таа вели дека црвенилото едноставно се третира со антихистаминици или понекогаш стероидни антиинфламаторни лекови. Главната работа е да се јавите на лекар на време.
Фото: nejm.org