По пет месеци блокада: Израел и Палестина постигнаа трговски договор

од Nikola Popovski

Палестинските и израелските власти постигнаа договор за ставање крај на петмесечниот трговски конфликт.

Минатата година, палестинската власт објави дека ќе го бојкотира увозот на израелските телиња.

Палестинците на Западниот Брег вратија две третини од израелските земјоделски производи во Израел.

Израелскиот министер за земјоделство рече дека бојкотот за увоз на стока влијаеше на повеќе од 400 израелски сточари, што резултираше со загуба на повеќе од 70 милиони долари од октомври.

Ова означува значаен чекор во разговорите меѓу Израел и Палестинците, во однос  минатата година, кога руското Министерство за надворешни работи ги обвини САД дека се обидуваат да го минираат потенцијалниот договор меѓу Израел и Палестина, откако државниот секретар Мајк Помпео рече дека Израел не ги прекршил меѓународните закони на Западниот Брег.

Слични содржини