По предупредувањето на Лавров, Русија прати „сухој“ авиони на Крим

од desk2
186 прегледи

Руското министерство за одбрана распореди повеќе од 10 авиони „сухој“ на Крим, откако Сергеј Лаворв рече дека Украина нводно подготвува провокација.

Да потсетме, рускиот министер за одбрана претходно изјави дека украинскиот претседател Петро Порошенко подготвува провокација кон крајот на декември на границата со Русија.

Министерсвото за одбрана соопшти дека авионите се распоредени во воената база Белбек на Крим, каде ќе бидат трајно стационирани.

Од друга страна, украинските безбедносни сили веќе довлекоа лансирни ракети на ситемот „Град“ на контакт линијата, тврди Народната милиција на самопрогласената Народна Република Луганск. Освен тоа, на железничката станица Рубежно стигна ешалон со пешадиски борбени возила, автомобили и оклопни возила, пренесе СПутник. Русија изврши анексија на Крим од Украина во 2014 година, а тензиите меѓу двата соседи се зајакнати по запленувањето на три украински бродови со посадата од страна на Русија.

Слични содржини