163
Инспекторатот на град Скопје по јавувања на граѓани, веднаш излезе на терен и ја санираше штетата која беше пријавена.
Станува збор за локација на месноста Јурумлери, каде биле запалени гуми.
Информацијата како и фотографиите тие ги објавија на официјалниот Фејсбук профил
„По јавувања на граѓани во Инспекторатот на град Скопје, инспекторите веднаш се упатија кон посочената локација во месноста Јурумлери во правец на Долно Лисиче затекнати се запалени камионски гуми. Повикано е веднаш противпожарно возило и МВР. Огнот е изгаснат“, стои во објавата.