Непосредно откако стана јасно дека 42-годишниот Крис Мартин и Дакота Џонсон не се веќе заедно, фронтменот на групата Coldplay беше забележан да се бакнува со 23-годишната Дуа Липа зад сцената на фестивалот во Гластонбери, објави “Сан он сандеј” .
Крис и Дакота беа заедно повеќе од една година и половина, но двајцата тргнаа по различни патишта, а според некои од гласините актерката уште не е подготвена да има деца, бидејќи го насочила своето внимание врз кариерата во киното.
За Дуа Липа е познато дека таа се разделила со своето момче, но се вели дека таа почнала да контактира со братот на Џиџи и Бела Хадид, Анвар.
Според публикацијата, Крис Мартин не ја напуштил Дуа Липа во Гластонбери. Таа изгледала многу среќна во своето друштво.
И пред две години, двајцата пејачи беа забележани флертувајќи на фестивалот Гластонбери. Крис Мартин има 42 години. Пред Дакота Џонсон, тој имаше врски со Џенифер Лоренс и Анаби Валис откако заврши неговиот брак со актерката Гвинет Палтроу, со која има две деца.