По само 10 дена од убиството, одново инцидент во „Бардовци“ – пациент нападнал цимер со остар предмет

од desk2
20 прегледи

По само 10 дена од убиството во Психијатриска болница „Скопје“, во оваа здравствена установа кај селото Бардовци, повторно се случил инцидент, но овој пат без смртни последици. Пациент со остар предмет нападнал друг пациент.

Како што соопшти МВР, вчера околу 9 часот во СВР Скопје од ЈЗУ „Психијатриска болница Скопје“ е пријавено дека претходната вечер околу 23:50 часот, во болницата М.С.(49) од Скопје со остар предмет го нападнал А.С.(39) од с.Горно Коњари, скопско.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Трагедија во болницата „Бардовци“ – усмртен осуденик по удар со шише

Слични содржини