По секс скандалот, нови обвиненија за Кевин Спејси, но овој пат за…

од desk4
131 прегледи

Раководител на безбедносна компанија во САД го обвини холивудскиот актер Кевин Спејси за расизам и рече дека тој одбил да подаде рака на црнците вработени на сетот на “Куќа од карти”, соопшти британскиот весник “Дејли мејл”.

Според информациите на весникот, 51-годишнишят Ерл Блу, кој е на чело на компанијата VIP Protective Services, бил вработен за време на снимањето на првата сезона на “Куќа од карти”. Тој рече дека на сетот Спејси одбил да комуницира со црнците вработени на фирмата и упатувал навредливи пораки на нивна адреса.

Според Блу, вработените на компанијата за заштита кога требало да се гледа трејлерот на “Куќа од од карти”, Спејси рекол дека не сака со нив да го гледа во приколката, додавајќи уште навредливи изрази. Потоа продуцентите на серијата не го продолжиле договорот со оваа фирма за обезбедување.

Околу Кевин Спејси веќе има скандаал за тоа што околу 15 лица го обвинија за сексуално малтретирање. Скандалот започна со обвинението на ѕвездата од серијата “Ѕвездени патеки” Ентони Рап, кој рече дека кога бил 14-годишен Спејси се обидел да го заведе. Спејсси рече дека не се сеќава на таков инцидент, но му се извинил на Рап.