262
Ковчегот со телото на покојната кралица Елизабета Втора пристигна од шкотскиот замок Балморал во Единбург, по шестчасовно патување.
Погребната поворка полека ги помина 280-те километри од Балморал до Единбург за да можат граѓаните да и оддадат последна почит на кралицата.
Во среда ковчегот ќе биде поставен во Вестминстерската сала, а погребот ќе се одржи на 19 септември.
Кралицата Елизабета почина на 8 септември во Балморал.