По смртта на водителката прозборе нејзиното момче кое го истепа неодамна

Левис Бартон, момчето на водителката Каролин Флек која беше пронајдена пртва, објавиемотивна порака на Инстаграм.

„Срцето ми е скршено, имавме нешто посебно. Немам зборови, боли, толку ми недостигаш. Знам дека со мене се чувствуваше сигурно, секогаш ми зборуваше дека не мислиш на ништо друго кога јас сум со тебе. Овој пат не смеев да бидам таму иако молев и молев. Ќе бидам твој глас, ветувам дека ќе ги одговорам сите орашања. Нема ништо да те врати, но ќе се трудам да бидеш горда секој ден. Те сакам со целото срце“, напишал Бартон со заедничката фотографија.

40-годишната КАролин Флек беше пронајдена мртва во нејизниот стан во Лондон, а британските медиуми известуваат дека станува збор за самоубиство.Врската на Каролин и Левис се најде во фокусот на јавноста при крајот на минатата година откако таа физички го нападнала, поради што била и приведена. После тоа го изгубила местото како водителка на шоуто Love island, а за неколку недели требаше да се појави и пред судот.

Слични содржини