Неколку дена откако нејзиниот сопруг се судри, Елизабета Втора била забележана како возела еден од нејзините џипови без појас.
Папараци ја уловија кралицата малку подолу, од местото каде што принцот Филип го преврте својот автомобил.
Во меѓувреме, два дена по инцидентот, сопругот на Елизабет II бил фотографиран во Land Rover, повторно на возачкото седиште и без појас. Тој беше во близина на кралската резиденција во Сандрингем.
Автомобилската несреќа на принцот Филип се случи минатиот четврток. Притоа тој удри друг автомобил во кој имало две жени и бебе, а потоа се превртел, но остана неповреден.
Бакингемската палата објави дека полицијата разговарала со принцот Филип за да биде повнимателен на патот, со оглед на неговата напредна возраст. Не е јасно дали кралицата е критикувана за возењето без појас.