114
По денешното пукање во училиште во градот Нешвил, Тенеси, во кое загинаа шест лица, меѓу кои три деца, американскиот претседател Џозеф Бајден го повика американскиот Конгрес да донесе забрана за носење огнено оружје.
„Мораме да направиме повеќе за да го запреме оруженото насилство. Тоа ги распарчува нашите заедници. Повторно го повикувам Конгресот да донесе забрана за јуришно оружје“, рече Бајден во Белата куќа, според Ројтерс.
Вооружениот напаѓач од Нешвил е 28-годишна жена која упаднала во училиштето со најмалку два автомати и пиштол пред да биде убиена, соопшти полицијата.