По тврдењата дека Бред Пит никогаш не го сакал, посвоениот син Пакс се огласи на социјалните мрежи

од desk2
155 прегледи

Неодамна странските медиуми пишуваа дека глумицата Анџелина Џоли му кажала на својот посвоен син Пакс дека нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит никогаш не ни сакал да го посвои.

Тоа наводно била причината што Пакс значајно се оддалечил од славниот татко Бред Пит. Други извори пак тврдат дека глумецот ги отфрлил овие тврдења.

Сепак, 15 годишниот Пакс во една прилика на социјалните мрежи појасни дека помеѓу нив нема никакви несогласувања.

На својот Инстаграм профил Пакс објави фотографија од својот татко кога бил мал и на тој начин му го честиташе 55 роденден.

https://www.instagram.com/p/BribcqBlszC/?utm_source=ig_embed

Со честитката Пакс напишал дека многу го сака и дека едвај чека да го види.


Анџелина и Бред го посвоиле Пакс од Виетнам во март 2007 година, две години откако се запознале на сетот на снимањето на филмот “Господин и Госпоѓа Смит”.

Во време на посвојувањето на Пакс тие ја имале првата биолошка ќерка Шајло, но глумицата наводно тврдела дека таа повеќе му е потребна на Пакс, отколку на едногодишната ќерка.