По уште еден напад, Меркел прозборе за својата состојба

од desk4
110 прегледи

Ангела Меркел рече дека се чувствува добро по последниот напад што ја погоди денес. Додека се среќавала  со финскиот премиер Ентони Рин  канцеларката повторно почнала да трепери.

“Се чувствувам добро, не мора да се грижите за мене”, рече Меркел на прес-конференција.  Претходно, нејзината портпаролка, исто така, рече дека е добра.  Ројтерс објави дека Меркел се насмевнува и зборува без проблеми на прес-конференција со финскиот премиер во посета на земјата.   Ова е трет напад што Меркел го има за помалку од еден месец.

На  18 јуни германскиот канцелар видливо трепереше на средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој беше во посета на Берлин. На крајот на јуни, таа доби втор ваков напад на настанот во Берлин. Тогаш портпаролот на Меркел рече дека е добра.

 

Слични содржини