По венчавката, принцезата Беатрис добива нова титула

од Elena Daskalova
378 прегледи

Новата кралска свадба ќе се случи за само неколку месеци. Принцезата Беатрис се мажи за својот свршеник Едоардо Мапели Мози на 29 мај.

Церемонијата, за разлика од претходните, ќе биде интимна и се поканети вкупно 150 гости, за разлика од венчавките на Кејт и Вилијам, Меган и Хари и на принцезата Јуџин.

Беатрис е постара сестра на Јуџин и ќерка на контроверзниот принц Ендру. Во моментов, таа е деветта во линијата за наследување на британскиот кралски трон. Свршеникот на Беатрис исто така има аристократско потекло.

Со тоа, по венчавката, таа ќе ја добие титулата контеса, но исто така ќе остане и принцеза, благодарение на своето кралско потекло.

На оваа свадба ќе присуствуваат и принцот Хари и Меган Маркл, но нема да го донесат малиот Арчи.

Слични содржини