Зградата на Собранието на Македонија ќе биде обиколена со железна ограда висока два метра, јави Телма. Центарот на Скопје оградата ќе ја здогледа веќе идната година, кога ќе заврши и проектот за реконструкција, но и проширување на внатрешноста на парламентот со дваесетина канцеларии. Железната ограда ќе чини близу 250.000 евра.

Некои од пратениците со подолг стаж во законодавниот дом се сеќаваат дека идејата за ограда потекнала од МВР во 2002 година, поради тоа што во воената 2001 година, за време на насилните протести поради случувањата во Арачиново, била оштетена и фасадата и внатрешноста на Собранието. Сугестии имало и од Заводот за заштита на споменици. Оградата како проект на хартија била ставена во 2004 година, но никогаш, се` до денес, не излегла од фиока. Напротив, тогашниот претседател Љупчо Јордановски се залагал за отворен парламент за граѓаните и тој за нив ги отвори портите на Законодавниот дом.
Целиот текст може да се прочита тука.