491
Откако МВР денес заплени пиротехнички средства на Бит пазар и приведе неколку лица, започнал инцидент меѓу полицијата и продавачите.
ТВ Шења објави видео, кое не покажува како завршила акцијата на полицијата, но МВР попладнево соопшти дека заплениле близу 15 000 парчиња пиротехника. Од таму најавуваат соодветен поднесок против лицата по документирање на случајот.
Синоќа полицијата заплени над 30 000 парчиња пиротехника токму на Бит Пазар. Во претходните денови, слични акции имаше и во Гостивар, Штип и Битола при што беа одземени над 30 000 парчиња пиротехника, а четири лица беа приведени.