199
По разорниот земјотрес, кој рано утринава ја погоди Турција, дошло до експлозија и пожар на гасоводот во селото Топбогази, во областа Кирихан.
Според „Хуриет“, поради ова е прекинат протокот на природен гас во провинциите Газиантеп, Хатај и Кахраманмарас и окрузите Пазарчик, Нарли, Бесни, Голбаши, Нурдаги, Ислахије, Реиханли, Кирихан и Хаса.
Старешината на селото Топбогази, Билал Алпдоган, истакна дека експлозијата проследена со земјотрес и пожар одекнала на две различни точки, 200 метри под нивото на селото и три километри подалеку.
🚨#BREAKING: Powerful 7.8 magnitude earthquake hits in southern Turkey and ruptures a gas pipeline.
📌#Gaziantep l #Turkey | #news pic.twitter.com/8gDkILZh53
— ▪️ J.P ▪️ (@NYCryptoKing) February 6, 2023