По жестокиот руски напад врз Украина, Полска подигна ловци Ф-16

од Stefanija Kuzmanovska
292 прегледи

Полската војска денеска објави дека подигнала четири борбени авиони Ф-16 за да ја надгледува границата со Украина, по силното руско бомбардирање на соседната земја.

„За да се гарантира безбедноста на полскиот воздушен простор, активирани се два пара ловци Ф-16 и сојузнички воздушен танкер“, соопшти оперативната команда на полската армија.

Во вторникот наутро руската армија изврши нова серија големи воздушни напади врз Украина, при што загинаа најмалку четворица цивили, а беа повредени повеќе од 90 лица, главно во Киев и Харков.

Полска, членка на НАТО, во петокот објави дека нејзиниот воздушен простор бил нарушен од руска „крстосувачка ракета“ која летала над нејзина територија три минути, по што заминала во Украина.

Поради тоа полските цивилни и воени власти одржаа итни состаноци со претставниците на НАТО и полскиот систем за противвоздушна одбрана беше ставен во состојба на готовност.

Сличен инцидент се случи во ноември 2022 година кога украинска ракета падна врз полското село Пржеводов, во близина на границата со Украина, при што загинаа двајца цивили.

Слични содржини