Победа на Ѓорческа во Куршумлиска Бања против Папамихаил од Грција

од desk2
20 прегледи

Голема победа оствари македонската тенисерка Лина Ѓорческа во мечот од првото коло на турнирот што се игра Куршумлијска Бања, Србија за награден фонд од 60.000 долари. Таа ја совлада четвртата носителка Деспина Папамиахил од Грција со 2-1 во сетови (3:6; 6:1; 6:2) за 1 час и 50 минути игра.

Во следното коло (второ) македонската тенисерка ќе игра против Дарја Астахова, која ја совлада пред една недела.