Фридрих Мерц, лидерот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ), им се обрати на поддржувачите во Берлин по објавувањето на излезните анкети.
„Победивме на овие избори“, изјавил тој, пропратен со громогласен аплауз.
Да потсетиме дека неговата партија, заедно со Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), според непотврдените излезни анкети, освои вкупно 29 отсто од гласовите.
„Она што сакам да им го кажам на нашите гласачи е ви благодарам што ја дадовте довербата во нас, во мое лично и во име на нашата партија, бидејќи знам што значи тоа во однос на одговорноста“, продолжи тој.
„Свесен сум за обемот на работа пред нас. Ја преземам оваа одговорност со најголема почит“, додаде Мерц.
Тој нагласил дека е неопходно брзо да се формира коалиција. „Надворешниот свет нема да не чека“, рекол тој.
„Сега ќе разговараме меѓу себе и мора што поскоро да составиме стабилна влада во Германија – влада која ќе може да дејствува врз основа на мнозинската поддршка“, констатирал Мерц.
Првите проекции на резултатите се објавени од германскиот јавен радиодифузен сервис АРД, и тие во голема мера се совпаѓаат со излезните анкети. Според нив, ЦДУ/ЦСУ освои 29 отсто, АфД 19,6 отсто, а СПД 16 отсто. Зелените освоија 13,3 отсто, „Die Linke“ освои 8,6 отсто, ФПД 4,9 отсто, БСВ 4,7 отсто, а други 3,9 отсто.