Побуна во Фејсбук: Цукерберг изложен на критики од своите вработени поради објавите на Трамп во кои се величи насилството во САД

од Nikola Popovski
117 прегледи

Марк Цукерберг доживеал неговите вработени отворено ја фалат конкуренцијата, а да го критикуваат Фејсбук.

Имено, Твитер ја отстрани објавата на американскиот претседател Доналд Трамп, во врска со насилните протести предизвикани од убиството на Џорџ Флојд.

Додека Твитер оценува дека постот поттикнува насилство, Цукерберг проценил дека иако е длабоко навредлив, постот всушност не го крши правилото против поттикнување насилство на таа социјална мрежа.

Критиката кон вработените во Фејсбук доаѓа и од највисоките кругови на компанијата, а Ројтерс идентификувал дека неколку јавни објави во кои се критикува шефот на Фејсбук доаѓаат од високи менаџери во компанијата.

Марк не е во право и јас си поставив задача да го променам мислењето на најгласниот можен начин, напишал Рајан Фритас на својот профил на Твитер, на кој пишува дека тој е директор за дизајн на производите на „News Feed“ на Фејсбук.

Фритас исто така напишал дека започнал лоби во компанијата, во кое учествувале повеќе од педесетина од неговите колеги за промена на одлуката на Закерберг.

„Јас работам на Фејсбук и не сум горд на тоа како гледаме во моментот. Повеќето колеги со кои разговарам размислуваат на ист начин. Сакаме да не слушнат“, напишал Џејсон Тоф, уште еден директор на Фејсбук.

Официјално, Фејсбук не реагирал на внатрешниот револт.

Тоф е исто така еден од вработените во Фејсбук кој организирал прибирање финансиски средства за непрофитабилни групи кои им помагаат на демонстрантите во Минесота.

Цукерберг по бројните критики во понеделникот објавил дека Фејсбук ќе донира 10 милиони долари за борба против социјалните неправди, но, тој не се откажува од својот став за твитовите на Трамп.