„Почетокот на функционирањето на единствениот пазар на труд и единствениот економски пазар во рамките на „Отворен Балкан“ е една од најважните одлуки во Верона“

од Vladimir Zorba

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека еден од најважните договори постигнати со премиерот на Албанија, Еди Рама и со премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, за време на нивниот престој во Верона, е на почетокот на функционирањето на единствениот пазар на труд и единствениот економски пазар во рамките на иницијативата Отворен Балкан.

„Имаме се поголем проблем со работните места, порано имавме проблем со сите невработени, сега имаме цели области каде што треба да вработуваме луѓе однадвор. Истото е случај и со Северна Македонија и Албанија и сите се добредојдени да можат на пазарот на труд да разменуваат луѓе и искуства, а ова е еден од најважните договори по кој можам да кажам дека не само единствениот пазар на труд, туку и единствениот економски пазар почнува да работи за нас на сите најдобри начини. “, изјави Вучиќ за ТВ Пинк.

Тој рече дека процедурата ќе се поедностави, со кликнување на мобилен телефон и дека таквата опција целосно ќе важи кон крајот на јуни, можеби на почетокот на јули годинава.

Слични содржини