Почетокот на судењето на Трамп во Вашингтон закажано за март 2024 година

од Stefanija Kuzmanovska
350 прегледи

Почетокот на судењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во случајот за наводното поништување на претседателските резултати е закажан за 4 март следната година, соопшти денеска судот во Вашингтон.

Одлуката на окружниот судија Тања Чаткан значи дека судењето ќе започне среде претседателската номинација на републиканците, пренесува Ен-Би-Ес.

Специјалниот обвинител Џек Смит предложи судењето да започне во јануари, додека тимот на Трамп рече дека судењето треба да се одложи до април 2026 година, односно по претседателските избори.

Слични содржини