200
Од Министерството за здравство денес соопштија дека пријавени се вкупно 17 починати лица од коронавирус, во последните 24 часа, на возраст од 23 –90 години.
Билансот по градови изнесува: 8 пациенти од Скопје, од Прилеп – 2, и по едно починато лице е пријавено од Штип, Кочани, Куманово, Охрид, Кичево, Крива Паланка и Виница. Од пријавени, 16 лица се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови.
Досега во земјата се направени вкупно 599.782 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 122.227, бројката на оздравени пациенти е 102.652, на починати е 3.545, а бројот на активни случаи изнесува 16.030.