Почина 24 годишен човек од ковид 19 на Инфективна

од Берта Китинска
313 прегледи

Во последните 24 часа се направени 1545 тестирања, а регистрирани се 199 нови случаи на ковид-19.

Во изминатото деноноќие починати се осум лица со ковид-19. Како што информираше Министерството за здравство еден од починатите пациенти е од Скопје, еден од Штип, четворица од Тетово и двајца пациенти од Струга.

Најмладиот пациент меѓу починатите во изминатово деноноќие има 24 години и починал на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

На истата клиника починале уште двајца пациенти на возраст од 63 и 64 години.