12 лица го загубиле животот од корона, информира попладнево Министерството за здравство. Според билансот, 5 починати лица се од Скопје (32г, 70г, 70г, 87г и 88г), 2 лица од Куманово (75г и 86г) и по едно починато лице од Велес (64г), Крива Паланка (69г), Струмица (63г), Кочани (87г) и Тетово (85г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени четри починати лица со датум на смрт од 25.10.2021 до 30.10.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (1), Куманово(1), Битола(1), и Пробиштип (1) на возраст од 73 до 81 години, од кои 1 е починато во болнички услови , а 3 се починати во домашни услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 204.416, бројот на оздравени пациенти е 189.947, на починати е 7.194, а бројот на активни случаи изнесува 7.275.