Почина 33-годишен пациент од корона, вкупно 13 смртни случаи во последното деноноќие

од Nikola Popovski
1,1K прегледи

Согласно бројките на Институтот за јавно здравје Скопје, во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица: 3 починати лица од Скопје (44г, 60г и 77г), по 2 починати лица од Велес (73г и 80г) и Струмица (57г и 77г) и по едно починато лице од Прилеп (73г), Битола(73г), Кавадарци (75г), Кичево (77г), Неготино (33г) и Крива Паланка (82г).

Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, нема пријавени починати лица.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 208.467,бројот на оздравени пациенти е 192.745, на починати е 7.307, а бројот на активни случаи изнесува 8.415.

Слични содржини