Почина 68-годишен скопјанец, паднал во шахта

од Stefanija Kuzmanovska
183 прегледи

Шеесет и осумгодишен човек почина утрово во Катланово, кога паднал во „необележана ископана шахта за одвод“, соопшти МВР.

„На 21.04.2023 год. околу 10 часот во СВР Скопје е добиена пријава дека во Катланово има паднато машко лице А.А.(68) во шахта. Според пријавеното, додека се движел пешки, А.А. паднал во необележана ископана шахта за одвод, по што починал. Од лекар од итна помош констатирана е смрт“, информира полицијата.

 

Слични содржини