Почина Аки Рахимовски, пејачот на Парни Ваљак

од Vladimir Zorba
251 прегледи

Почина пејачот на Парни Ваљак, Аки Рахимовски.

Веста за смртта е објавена на официјалниот сајт на познатиот бенд.

„Драги пријатели, со неопислива тага во нашите срца, ве известуваме дека денес, 22.01.2022 год. Аки Рахимовски засекогаш заспа“, се вели во соопштението.

Според неофицијални информации, на Рахимовски утрово му се слошило, пренесе хрватски Индекс.

Александар Рахимовски е роден во Ниш, но набрзо со семејството се преселил во Скопје. Бидејќи неговиот татко бил професор по музика, на седумгодишна возраст започнал музичко училиште, клавир и отсек за пеење.

Како тинејџер членувал во неколку бендови, од кои некои се групата Вакуум, Блад брадерс и Тор, со кои настапувал на фестивалот во Загреб во 1975 година. Истата година се запознава со гитаристот и композитор Хусеин Хасанефендиќ Хус и Јурица Паѓен. Во соработка со менаџерот Владимир Михаљек Миха ја основаа првата постава на Парни Ваљак

Слични содржини