253
Јужнокорејската актерка Парк Су Рјун трагично почина на 30-годишна возраст, објави „Осен“.
Таа наводно починала откако паднала по скали додека се враќала дома во неделата попладне.
Актерката била пренесена во болница и лекарите се бореле за нејзиниот живот, но за жал таа им подлегнала на повредите.
Семејството на Парк Су Рјун одлучи да ги донира нејзините органи.
„Мора да има некој таму на кој очајно му требаат органи. Како нејзини мајка и татко, утеха ни е да знаеме дека нејзиното срце отишло кај некого и дека чука“, пренесуваат медиумите.
Актерката се прослави со улогата во популарната јужнокорејска драма „Snowdrop“ од 2021 година, која публиката имаше можност да ја погледне на каналот Disney+.