Актерот Лазе Манасков почина денеска на 67-годишна возраст, соопштија од Драмски театар.
„Со длабоко жалење ве известуваме дека нашиот актер и долгогодишен колега Лазе Манасков почина денес. Вечерашната изведба на претставата „Куршуми над Бродвеј” ќе биде изведена во негова чест! Нека му е вечна слава!“, соопштија од Драмски.
Лазе Манасков остави значаен печат на македонската сцена преку бројни улоги, посветена работа и исклучителна љубов кон театарот. Колегите го паметат како професионалец, искрен пријател и уметник кој секогаш настапуваше со срце и одговорност кон сцената.
Дипломирал на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во 1983 година, тој се вработил како глумец во Драмски театар – Скопје и работи сѐ до неговото пензионирање во 2022 година. Неговиот син Иван Манасковски е режисер и Симон Манасковски глумец.