Денеска на 77-годишна возраст почина еден од најголемите македонски актери Мето Јовановски. Пријатели и колеги се простуваат од големата легенда на социјалните мрежи.
-Мето Јовановски се пресели во легендите. Нека му е вечна слава, објави актерот Драган Спасов-Дац.
Јовановски, роден беше 1946 год во с.Панчарево пехчевско.
Во 1971 година завршил Театарска академија во Софија, Бугарија и истата година се вработил во Драмскиот театар во Скопје.
Неговата актерска кариера започнала на сцената на Народниот театар во Штип, каде настапувал уште пред да се запише на студиите. Оттогаш, за многу кратко време, Мето Јовановски се истакнал како еден од водечките драмски уметници во Македонија.
Едни од омилените улоги на Јовановски на македонската публика се оние од филмовите „Тетовирање“, „Среќна Нова 49“, „Пред дождот“, „Големата вода“, „До Балчак“ итн.
За своите театарски, филмски и телевизиски актерски остварувања ги има добиено највисоките државни награди „Свети Климент Охридски“, „11 Октомври“ и „13 Ноември“.