Почина Алексеј Навални, објавени детали

од Stefanija Kuzmanovska
314 прегледи

Руската затворска управа соопшти дека починал еден од најистакнатите критичари на рускиот претседател Владимир Путин, опозиционерот Алексеј Навални, јави Sky News.

Алексеј Навални почина во поправната колонија број 3 во автономниот округ Јамало-Ненец, соопшти во петокот регионалниот оддел на Федералната казнена служба, пренесува РИА Новости.

„На 16 февруари годинава, во воспитно-поправниот дом бр.3, осудениот Навални А.А. се чувствуваше лошо по прошетката, губејќи свест речиси веднаш. Веднаш пристигнале медицински работници од установата и повикана е екипа на итната медицинска помош“, се вели во соопштението.

„Направени се сите потребни реанимации, но не дадоа позитивни резултати. Лекарите од итната помош констатирале смрт на осуденикот. Причините за смртта се утврдуваат“, се додава во соопштението.

Слични содржини