Денеска на 92-годишна возраст почина еден од доајените на македонската архитектура, Трајко Димитров.
Веста на социјалните мрежи ја сподели потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев.
-Денес не напушти архитектот Трајко Димитров. Човекот кој ги создаде “Партизан”, базенот “Младост” во Карпош, Природонаучниот музеј, “Палома бјанка”, салата на Работнички и многу други препознатливи белези на Скопје, но и другите градови. Заедно работевме и успеавме да иницираме обнова на “Партизан”. Се надевам дека Општина Карпош и Агенцијата за млади и спорт ќе успеат да постават биста или спомен плоча во салата во негова чест. Чичко Трајко замина, но делата ќе останат да го разубавуваат Скопје и да бидат пример за денешните и идните генерации архитекти. Слава му, порача Богоев.