Почина авторот на хитот I Love Rock and Roll

323 прегледи

Алан Мерил кој ја напиша песната I Love Rock and Roll, која ја прослави неговата колешка Јоан Јет, почина вчера во Њјорк од компликации од заразата со коронавирусот, потврди неговата ќерка. Имал 69 години.

Лаура Мерил на Фејсбук напиша дека татко ѝ починал во неделата наутро.

https://www.facebook.com/iLookok/posts/10163562972380227

„Ми дадоа две минути да се простам од него“, напишала на Фејсбук и додала дека при излегувањето се уште имала надеж дека тој нема да заврши во вестите.

Мерил вели дека нејзиниот татко бил здрав пред коронавирусо. Била на неговиот концерт пред две недели и го фотографирала за неговиот нов албум. Вели дека мислел дека има обичен грип, но се испостави дека станува збор за коронавирус.

Слични содржини