Почина Бајрам Реџепи, поранешен косовски премиер

од desk2
92 прегледи

Поранешниот косовски премиер Бајрам Реџепи почина рано утрово во Истанбул, пренесоа приштинските медиуми.


Бајрам Реџепи пред неколку месеци доживеа мозочен удар. Опериран е во приштинската болница, по што падна во кома.

Во таква состојба префрлен е во болница во истанбул, во која утрово починал, пренесува RTS.

По професија беше лекар, а беше и висок функционер на Демократската партија на Косово и прв повоен премиер.